Елиф Елмас се препороди по враќањето во Италија, и „гази“ во дресот на Торино. Тој настапува како позајмен играч од Лајпциг, каде што не се снајде, и затоа се реши да ја смени средината.
Според германските медиуми, едно е јасно со Елмас на лето – а тоа е дека нема да продолжи во дресот на Лајпциг. Ако се случи Торино да не ја искористи откупната клаузула која изнесува 15 милиони евра, и се врати во Германија, во тој случај германскиот тим ќе го продаде на лето.
Елмас во јануари 2024 година замина во Лајпциг од тимот на Наполи. Но, не успеа да се наметне кај Марко Розе, и во потрага за поголема минутажа, се реши да се врати во Италија.
Сезонава во Бундеслигата Елмас одигра само два натпревари, а трипати играше во Лигата на шампионите. За Торино во четири натпревари постигна три гола, но и тоа не е доволно за челните луѓе на Лајпциг да го задржат по истекот на позајмицата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА