Сега е официјално: Спалети две години на клупата на Интер

Веќе нема никакви дилеми, Лучијано Спалети е стратегот избран од кинеските газди на Интер кој ќе се обиде да ги врати „нероаѕурите“ на победнички патеки. По уште една разочарувачка сезона раководството на Интер најпрвин му врачи отказ на Франк де Бур, потоа и на Стефано Пиоли, за денеска и официјално да бидат потврдени најавите дека изборот за нов тренер паднал врз Спалети.

Овој стручњак доаѓа на „Џузепе Меаца“ од клупата на Рома, од каде си замина откако го освои второто место и осигура директно учество во Лигата на шампионите за следната сезона.

„Нероаѕурите“ преку клупско соопштение само објавија дека договорот со Спалети се однесува на временски период од две сезони, новиот тренер ќе ја има својата официјална промоција пред новинарите следната среда, а првиот тренинг со екипата ќе го одржи на 3 јули.

Се вчитува...