Сега на Јунајтед му немаше спас: Сити владее со Манчестер (ВИДЕО)

Манчестер Сити го доби дербито со Манчестер Јунајтед и тоа на „Олд Трафорд“ со 0:2. Се чини дека прелесно тимот на Пеп Гвардиола дојде до триумфот, со два гола во првиот дел, со контрола на топката и на мечот во целиот меч, а Јунајтед овојпат немаше кој да го спаси како што беше тоа во Лигата на шампионите пред неколку дена. Сити не само што постигна два гола, туку имаше шанси да даде уште 2-3, но и Де Геа се истакна со неколку одбрани.

Ерик Баји си постигна автогол уште во 7. минута. Центаршут од левата страна на Сити, а Баји реагираше лошо, и топката заврши зад грбот на Де Геа.

Кога се чинеше дека така ќе заврши полувремето, една заспаност во одбраната на Јунајтед, ја казни Бернардо Силва кој погоди во мрежата на домашните, за убедливо водство на „сините“ од Манчестер.

Јунајтед никако не успеваше да ги спои редовите ниту во вториот дел. Имаше еден период блага иницијатива, но без никаква опаност по голот на Едерсон. Само еден директен шут на домашните, премалку да се стори нешто. Интересно, избраниците на Оле Гунар Солскјер изведоа еден корнер на мечот во судиското надополнување.

Се вчитува...