Македонската репрезентација се врати на старите позиции во однос на можноста за повластена ситуација во полуфиналето од бараж дуелите во Д лигата на Лигата на нации. По синоќешната победа на Белорусија над Луксембург од 0-2 во Групата 2, сега Македонија со две победи во последните две кола, вечерва против Лихтенштајн и во понеделник против Гибралтар во Скопје, дефинитивно според бодовната ситуација на првопласираните четири селекции ќе биде меѓу првите две најдобри со што ќе го има правото на домаќинство во полуфиналната средба.
Белорусите во Групата 2 сега се со 11 бода на чело на едно коло до крајот, без можност за подобар бодовен резултат од Македонија ако се стигне до две победи на крајот. А, иста е ситуацијата во Групата 3 каде Косово е на врвот но со 8 бода (еден помалку од нас) на две кола пред крајот. Со тоа, Македонија и Грузија (која е убедливо најдобра од првата група) би биле домаќини во полуфиналните дуели…
Како што е познато, согласно форматот на УЕФА, најдобрата (според бодовниот ефект) првопласирана селекција од четирите групи во полуфиналето ќе игра против четвртата, а втората најдобра против третата. Финалето, пак, ќе се игра на неутрален терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА