СЕИР НА ДЕНОТ: Матераци до Златан – ајде и ти ако можеш вака (видео)

Марко Матераци се приклучи на „предизвикот за жонглирање со тоалетна хартија“, но легендарниот дефанзивец воедно и ја искористи можноста да му фати сеир на Златан Ибрахимовиќ.

Тој го предизвика Швеѓанецот да го повтори неговиот предизвик, по жонглирањето да ја смести топката внатре во пехарот во Лигата на шампионите. Има само еден проблем, Ибракадабра нема таков трофеј во својата колекција. Матераци многу добро го знае тоа, Ибрахимовиќ три години му беше соиграч во Интер, но реши да си замине пред сезоната во која „нероаѕурите“ под водство на Жозе Мурињо се закитија со европската круна.

„Ајде Златан, да видиме дали можеше… ако се уште го сакаш овој пехар“, му порача Марко Матераци на поранешниот соиграч.

 

Се вчитува...