Сеир на сезоната: Џерард повторно „се лизна“ и го остави Ливерпул без трофеј

Тимот на Астон Вила, предводен од Стивен Џерард, во вчерашниот натпревар со Сити испушти водство од 0-2, откако „граѓаните“ успеаа да слават со 3-2, историска победа со која ја обезбедија титулата во Англија.

Тимот на Џерард направи големо водство против Сити, резултат со кој за малку ќе му ја донесеа титулата на Ливерпул, но за само пет минути се распаднаа.

Англиските критичари веднаш се јавија и направија интересна монтажа, која може да се прогласи и за сеир на сезоната. Имено, со монтирана фотографија посочија дека Џерард одново „се лизна“ и не успеа да му донесе трофеј на Ливерпул. Се алудира на моментот кога легендата се лизна и му дозволи на Демба Ба и Челси да слават во дербито кое ја одлучи титулата во 2014 година.

Сега, избраниците на Џерард водеа со два гола до 76. минута, а потоа за само пет стрелаа двапати Гундоган и Родри за титула. Јасно е дека се работи за шега, меѓутоа Џерард не го памети по добро пролетниот пораз од Челси во 2014 година и уште го прогонува.

Се вчитува...