СЕИРМАНИЈА: Сон сум сонил кошмарен – Комити во штикли, медали и летечки тикви!

Од сега и СЕИРМАНИЈА на ЕКИПА… Спортот секогаш пред се треба да биде забава, иако сите ние неизбежно си го „лепиме на срце“ некогаш и премногу сериозно. Но, секако, шега никогаш не е на одмет колку понекогаш да се разбие нашето спортско сивило во кое знаеме да западнеме. Иако, и погледот од духовитата страна и тоа како знае и може, и помоќно од сериозниот пристап, да ги потенцира аномалиите во нашето спортско секојдневие. Токму затоа е тука СЕИРМАНИЈА…

——————————————————————————————————————————

Е, многу ми е ќеф значи. Европската шампионска титула на РК Вардар ни донесе и нешто уште позначајно за земјава кое ете ама баш никој не го примети. Ал’ е јаве или сон уште не знам, ама Македонија официјално стана земја со најмногу медали – по глава на жител. Според последните статистики деновиве во Македонија е запишан нов рекорд: На една глава висат по 3,69 медали, во просек. Во само два дена, абре не се знаеше веќе кој на кого дава медали од толку што можеме да издржиме како глави. ЕХФ пушти во оптек, а ние мултиплициравме. Па медали се даваа од газди на (не)газди, од газди на спонзори, од спонзори на навивачи, па од навивачи – назад, на новинари, па на претседатели и премиери и обратно… Се плашам само да не не останаа за оние што си ги донесоа – ракометарите!

  1. Македонија, земја со најголем број медали – по глава на жител

– Туку да ви раскажам што ми се случи. Вардар си ја освои европската шампионска титула и мене сосема нормално, како сите нас, ме обзеде силна еуфорија. Од толкав транс, јаве ми е само до голот на Чупиќ и европската титула…, што беше и она вистинското. Е, од тој момент понатака се како да сонувам:

„Во секунда се црно пред мене и се слуша само глас како од бунар – ‘Ќе се делааат медали, ќе се делаат медали’… И на бината среде Келн, мешаница, турканица кој прв да фати место… Еден блиц, и одеднаш на бината се само некои лица во дресови на Пелистер. Кошмар да ви кажам. Си викам, па нели Вардар освои титула? Што сега Пелистер? А, каде се ракометарите? Арно ама под дресовите на Пелистер и дресови на Вардар… И ги вадат по потреба. Страшно, страшно! Ииии… Се натоварија што се натоварија медалите, назад со Визер во Скопје. Сме го носеле трофејот. А, таму убаво, сонце, народ собран, пречек, радост…. Иии, пак, одеднаш место Комити гледам „Фаланга“ – војници на Александар… Место Западната трибина на стадионот стои само една тераса… И сите викаат ‘Излези момче, излези момче!’… И, излегуваат Комити на тераса, и што да ви кажам. Да не веруваш… Кошмар, кошмар… Ги нема оние мои Комити од пред една деценија стројни момци, закрвавени во очите желни за Вардар. Во исто време и да им се плашиш, и да им се восхитуваш. Пред мене излегуваат Комити во штикли, високи потпетици и мини здолништа, по некој градски татко со шал на вратот, газди и стопанственици, и викаат „Алеее Вардареее, алеее Вардареее“… Ова ли се Комитите? – прашувам целиот препотен, и го вртам погледот. А на бината, нема ракометари, нема спортисти, се собрале чудни фаци накитени со медали и титули… Отворам одеднаш весниците, пуштам телевизиите, од сите страни фрчат лица со медали, Комити со штикли, и летечки тикви кои повторуваат: ‘Ние сме најдобрите, ние сме најдобрите…’ Кошмар, кошмар… ‘А, каде се ракометарите? Каде се Раул и играчите? Кој е тука најважен?’ – се слуша од некаде некој силен глас. И толку, завршува“.

Komparacija 2

И сега да ви кажам појма немам сето ова ал’ е сон или вистина! Ама ако е вистина дека Македонија станала земја со најмногу медали – по глава на жител, тогаш навистина се гордеам!

  1. А медал за Сара Митoва?

– Туку, баш се прашувам. Сега кога гледам дека се живо во државава си има медал, па како бре зарем само за Сара Митoва не остана медал!? Па, бива ли? Алооо, второ место…. Овде некои медал си добија за последно место, а Сара не може да добие за второ!? Предлагам. Од следната сезона уште на почетокот од натпреварувањето во секој спорт на сите да им се дадат медали. За на крајот никој да не се најде „увреџен и навреџен“.

  1. Ѓорѓи Вучков со видео порака…

– Туку баш си реков, да е жив ракометот само тука ни е интересно од сите можни спортови, ете се разбудија атлетичарите. Полемизираат околу изборот на олимпијци за Токио. Кутрите, од што толку сме брзи во трчање, уште сега фатија да се тркаат за Токио за да стигнат на време во 2020.А, селекторот ја заебал работата… И додека овие се бунат на селекторовиот избор, селекторот Ѓорѓи Вучков им испрати видео порака…

Луд, збунет, нормален!

Се вчитува...