Сејдини: Ова е голема радост, но да ги почитуваме мерките… Ви ветувам ќе имаме пред нас уште многу за славје!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини упати честитки до репрезентативците за историскиот успех и пласманот на Европското првенство.

„Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат. Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот – спортски херои. Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани. Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни. Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас. Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои. Се гледаме на Европско. Напред Македонија“, изјави Сејдини.

Се вчитува...