Секој има право да гледа: ФФМ донираше 20 смарт телевизори во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија донираше 20 смарт телевизори низ Скопје и другите градови во Македонија, со цел секој да има можност да го гледа настапот на фудбалерите на ЕВРО шампионатот.

„Сите сме во исчекување на првиот настап на македонската фудбалска репрезентација на Еуро 2020. Со цел секој да има можност да го гледа настапот на најдобрите македонски фудбалери на шамионатот, таму каде што нема услови од технички причини, ФФМ донираше 20 смарт телевизори низ Скопје и другите градови во Република Македонија на повеќе болници, домови за деца, рехабилитациони центри, противпожарни единици, полициски станици… Секој заслужува да ужива и гордо да го следи настапот на нашите херои Европскиот шампионат“, соопштуваат од ФФМ.

За потсетување првиот натпревар Македонија го игра денеска од 18 часот против Австрија на Националната арена во Букурешт.

Се вчитува...