Секој репрезентативен собир, нов проблем за Клоп – се повреди Садио Мане

Ливерпул се соочува со проблеми при секој репрезентативен собир, а исклучок не е ниту овој ноември, откако Садио Мане се повреди и мораше предвреме да го заврши натпреварот меѓу Того и Сенегал. Крилниот офанзивец настрада по еден воздушен дуел, незгодно приземјувајќи се на теренот, по што поради болка во скочниот зглоб мораше да биде заменет уште во првото полувреме.

Селекторот Алиу Сисе по мечот истакна дека повредата не е премногу сериозна, но „црвените“ со нетрепение ќе ги чекаат резултатите по деталните лекарски прегледи.

Ливерпул наредниот викенд го очекува дерби дуел со Арсенал, меч за кој Клоп веќе не може да смета на Роберто Фирмино, па јасно е дека евентуалното отсуство на Мане би било дополнителна главоболка за стратегот на „црвените“.

Се вчитува...