Секој веќе игра фудбал: „Ремек-дело“ од фудбалер на Бахреин за паметење (ВИДЕО)

Модерниот фудбал веќе на секој агол од планетава издвојува фудбалски мајстори кои оставаат зад себе дела за восхит. Па, не изненадува што „ремек-дело“ доаѓа и од Арапскиот куп каде Ал Рифа од Бахреин го победи Тангер со 2-0.

Вториот гол на натпреварот беше мајсторија на извесен Сајда Хашим Иса кој постигна гол со пета во воздух. И самиот Бахреинец, се чини, беше изненаден од погодокот…

Се вчитува...