Долгогодишниот македонски ракометен репрезентативец Жарко Пешевски на најдобар можен начин ја демонстрира својата хуманост, почнувајќи акција за помош на Стфан Петрушевски, полициски службеник кој ја води најтешката битка.
Пешевски во обид да собере што повеќе средства за помош на Стефан, преку својот инстаграм профил го стави на аукција дресот на македонската репрезентација потпишан од сите ракометари.
„Хуманоста не познава граници, вера и националност. Да бидеш хуман е доблест и човечка особина која секој од нас ја носи во себе. Спортот и спортистите знаеле и знаат да пружат рака кога е најпотребно.
Секој од нас води битки во животот. Некои на терените за своите клубови и репрезентации, а некои во секојдневието, борејќи се за подобро утро за себе и за своето семејство.
Еден од нив е и Стефан Петрушевски. Го игра најважниот натпревар и ја води најголемата битка во својот живот. Другар, пријател, професионалец во својата професија, грижлив родител и сопруг.
Потребно е да му помогнеме и знам дека ќе успееме во оваа хуманитарна мисија.
Поради сето горенаведено, со една цел – Стефан да успее во своето најважно животно поглавје – денес го објавувам овој дрес на ракометната репрезентација на Македонија, за кој не треба да се трошат зборови.
Сите знаеме што значи и каков симбол на успех и заедништво претставува за целата наша држава во моментите кога игра Македонија.
Почетната цена за дресот со потписи од сите играчи кои беа дел од последниот натпревар меѓу Македонија и Романија на Европското првенство е 6.000 денари.
Оваа мини-аукција ќе трае до петок во 21:00 часот.
Средствата ќе бидат донирани.
Контакт – ДМ“, напиша Пешевски на својот Инстаграм-профил.
Секоја чест, Жарко Пешевски.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
