Секоја чест: Роналдо беше „Дедо Мраз“ во детска клиника во Торино

Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата човечка големина, откако неколку часа од бадниковата вечер ги мина во детската клиника за онкохематологија во Торино.

Асот на Јувентус се фотографираше со дечињата кои се лечат на оваа клиника, носејќи им радост на оние на кои таа им е најпотребна во овој тежок период од животот. Сите деца добија подароци од Кристијано, додека персоналот во клиниката ја искористија ситуацијата, па сите се фотографираа со еден од најдобрите светски фудбалери.

Да се биде врвен играч, но истовремено и голем човек е вистинска реткост, но еден член на тоа „мало, но избрано друштво“ дефинитивно е Кристијано Роналдо.

Се вчитува...