Секс – скандал ја тресе Англија: Менди обвинет за уште едно силување

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди денеска е обвинет за уште едно силување. Фудбалерот се појави пред судот во Честер, каде сега е обвинет за седум обвиненија за силување и едно за сексуален напад, во врска со пет жени.

Според Би-Би-Си, последното обвинение се однесува на настан од јули годинава. Претходните наводи се однесуваат на секс – скандали помеѓу октомври 2020 година и август оваа година.

Менди е во притвор од 27 август, а судот во Честер го одби неговото трето барање за кауција во октомври. Манчестер Сити го суспендираше 27-годишниот француски фудбалер по обвинувањата. Менди во 2017 година се пресели од Монако во Сити, со кој освои три титули во Премиер лигата и два Лига купа.

Се вчитува...