Секс скандал во Челси: Маркетинг директорот праќал недолични пораки до агентка

Секс скандал го затресе англискиот премиерлигаш Челси, а резултираше со отпушање на маркетинг директорот Демијан Вилоби кој ја превзема функцијата пред само еден месец откако испраќал недолични пораки до фудбалската агентка Каталина Ким.

Случајот настанал пред неговиот ангажман во клубот од „Стемфорд Бриџ“, но новиот газда на клубот Тод Боели не сака неговиот клуб да биде поврзуван со негативни теми во јавноста, тоа е спротивно од залагањето на клубот за работната атмосфера и не сака истото да се повтори во иднина.

„Прати ми слика, јас сум гол“, „Дојди во Лондон па да бидеме палави“ – се дел од пораките кои ги испраќал Вилоби.

„Доказ за недолични пораки испратени од господинот Вилоби, пред тој да биде ангажиран во Челси недомна станаа достапни и тие беа истражени од страна на клубот… И покрај тоа што станува збор за случај кој е пред неговиот ангажман во клубот, ваквото однесување е спротивно од темелите на клубот и работната атмосфера и култура која ја естаблираме како клуб“, стои во дел од соопштението на Челси.

Се вчитува...