Секс – скандал во јапонската кошаркарска репрезентација

Четворица кошаркари од репрезентацијата на Јапонија се избркани од Азиските игри и вратени дома бидејќи се забавувале со проститутки во Џакарта, соопшти Јапонскиот олимписки комитет (ЈОК).

Играчите облецени во маички со националните обележја биле забележани во озлогласениот „црвен кварт“ во Џакарта,  аведнаш потоа биле и суспендирани од националниот тим.

Веста дека репрезентативците Јуја Нагајоши, Такуја Хашимото, Такума Сато и Кеита Имамура се забавувале со проститутки и се избркани од Азиските игри се смета за голем срам за Јапонија.

Јапонците и претходно имаа инцидент, на Азиските игри во 2014 година кога Најоа Томита беше вратен дома затоа што украл камера од еден новинар.

Се чувствуваме многу засрамено и и се извинуваме на јапонската јавност и на ЈОК за овој инцидент. Откако ќе ги разгледаме сите факти, ќе одлучиме за соодветна казна за четворицата кошаркари. Мора да се осигураме дека ваков скандал нема да ни се повтри“ – изјави шефот на јапонсата делегација, Јаширо Јамашита.

Се вчитува...