Секуловски по дебито со три бода за Брегалница: Јасно е дека на секој натпревар мора на победа

Марјан Секуловски стартуваше со победа на клупата на Брегалница, запишувајќи први три бода како шеф на стручниот штаб на „сините“. Во максимално борбен натпревар со дури три црвени картони, фудбалерите на Брегалница беа далеку подобар тим на теренот на крајот сосема заслужено триумфирајќи против Плачковица со 1-3. Победа која ги однесе штипјани осамени на врвот од табелата во Втората лига – Исток.

„Сакам секако да им честитаме на фудбалерите за извојуваната победа и освоените три бода од гостувањето во Радовиш со кои избивме на првото место на табелата. Јасно е дека за Брегалница на секој натпревар се важни победите, па така беше и сега“ – вели Секуловски, притоа дополнувајќи:

„Одлично го почнавме мечот против Плачковица со два гола веќе до 17. минута. Имавме уште четири до пет одлични шанси и за трет гол во првото полувреме но не реализиравме. Не сум задоволен од нивото на игра на почетокот од вториот дел, иако по примениот гол брзо се созедовме и успеавме да го реализираме планот за три бода. Продолжуваат сега активностите за максимална подготовка за следните предизвици“.

Во следното, 12. коло, од Втората лига – Истак, Брегалница на домашен терен го пречекува гевгелиски Кожуф.

Се вчитува...