Францускиот селектор Винсан Коле може да биде горд на изданиетео на своите избраници на дуелот со САД, на кој „триколорите“ го земаа скалпот на големиот фаворит, прекинувајќи ја американската серија од 25 олимписки победи.
Сепак, Коле не заборави да им порача на своите избраници дека ова беше само прв меч, а патот до медалите во Токио е долг.
„Игравме добар меч, на почетокот имавме проблеми со дефанзивната транзиција, по што тие лесно реализираа од контранапади. На полувреме имавме „минус осум“, но можам само да им честитам на нашите кошаркари за она што го одиграа во вториот дел. Успеавме да ја забавиме нивната игра во вторите 30 минути, мораа да играат позиционен напад и со тоа им создадовме големи проблеми. Поените што ги реализираше Фурние кога беше најважно беа… едноставно фантастични. Секако дека сме горди, но не сакам сега да кажувам бајки бидејќи Игрите се долги. Пред нас е вториот дуел, овојпат против селекцијата на Чешка, ако не славиме на таа средба, оваа победа денеска ништо нема да значи. Затоа, супер е што го победивме составот на САД, но ајде да не летаме во облаци“, изјави Коле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА