Селекторот на Исланд си поднесе оставка

По седум години минати на клупата на фудбалската репрезентација на Исланд, Хеимир Халмгринсон, реши да поднесе оставка. Селекцијата на Исланд заврши последнопласирана во групниот сегмент на Светското првенство во Русија во конкуренција со Хрватска, Аргентина и со Нигерија, федерацијата сепак објави дека Халмгринсон ја задржува позицијата, но тој сепак реши да си замине.

„По седум години решив да се повлечам. Среќен што бев дел од група која трасираше пат за генерациите кои што доаѓаат и која направи многу добри работи првпат во истoријата“ – изјави Халмгринсон кој не сакаше многу да зборува за причините за оставката.

Халмгринсон во последните две години самостојно го водеше националниот тим на земјата, а претходно, пет години беше во тандем со Ларс Лагербак.

 

 

 

 

Се вчитува...