Селекторот на Македонија мора да оди на операција

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација и воедно главен тренер на Игокеа, Драган Бајиќ ќе мора да оди на операција поради која ќе ги пропушти следните два дуела на составот од Босна и Херцегвоина против Крка во АБА лигата и Паок во Лигата на Шампионите.

Бајиќ овие вести ги потврди за босанските медиуми, велејќи дека се надева ќе се врати уште посилен.

„Подолго време здравствената состојба не ми е најдобра. Работев под инекции, но лекарите ми наведоа дека мојот проблем може да се реши со хируршки зафат. Се надевам дека се ќе помине во најдобар можен ред и наскоро ќе се вратам на работа. Момците мораат да го дадат својот максимум без разлика на тоа кој е на клупа. Верувам во нив и верувам дека од Ново Место ќе се вратат со победа“, изјави Бајиќ за bhbasket.ba

Се вчитува...