Комплименти и од Африка: Македонија е најдобар пример дека нема повеќе мали и големи репрезентации

Селекторот на Сенегал, Алиу Сисе коментирајќи ја вчерашната ждрепка за Мундијалот во Катар, кажа дека нема лесна и тешка греупа, и дека секоја група е тешка.

„Дали постои прифатлива ждрепка за Светско првенство? Мислам дека мораме да се подготвиме за сите комбинации. Одиме на Мундијалот без комплекси. Ние веруваме и имаме желба да постигнеме нешто во Катар“, рече Сисе.

Тој истакна дека не верува повеќе во категоризација на мали и големи репрезентации.

„Не верувам во мали и големи тимови. Еве пример со селекциите кои направија добри резултати на Африканскиот Куп на Нации. Тука е и Македонија која ја елиминираше Италија, актуелен европски првак“, вели Сисе.

Се вчитува...