Селекторот на Сенегал, Тиав работи на Светското првенство без договор, и без земена плата во последните пет месеци. Репрезентацијата се соочува со организациски проблеми поради настапот на Мундијалот 2026 година.
Според „Спорт њуз Африка“, играчите на тимот не добиле бонуси за нивниот настап на Африканскиот куп на нации, а не ги добиле ниту бонусите за квалификациите за Мундијалот.
Покрај тоа неколку играчи на тимот приватно изразија разочарување од условите кои ги имаат на Светското првенство. Буџетот за персоналот исто така бил намален. Храната на хотелот била оценета како несоодветна, па затоа дел од играчите нарачуваат храна од надвор.
Тиав работи без договор, а не примил плата пет месеци. Сенегалската федерација одбива да потпише нов договор, затоа што, според нив, селекцијата треба максимално да се фокусира кон настапите на Мундијалот.
Сенегал го почна Мундијалот со пораз од Франција 3-1. Во второто коло ќе игра против Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
