Селекцијата на Канатларовски триумфираше против ОАЕ (3-1)

Репрезентацијата на Македонија до 16 години со триумф ги заокружи подготвителните дуели против соодветната селекција на Обединетите Арапски Емирати кои се играа во Стара Пазова, Србија.

Селекцијата предводена од Драган Канатларовски на денешниот втор контролен натпревар славеше против ОАЕ со убедливи 3-1. Стрелци за Македонија беа Стојановски, Абдули и Елези.

На првиот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации кој се играше пред три дена, Македонија загубија со 1-2.

Се вчитува...