Селмани го напушти Партизани и се сели во турски Бодрумспор

Поранешниот македонски младински репрезентативец Ремзифаик Селмани не е повеќе дел од Партизани Тирана, и кариерата ќе ја продолжи во турскиот тим Бодрумспор.

Турскиот тим почна преговори за ангажман на напаѓачот, кој во минатото во странство играше и за Мезоковешд од Унгарија, Лапи од Косово и унгарски Ујпешт.

Пред неколку дена Селмани го раскина договорот со албанскиот клуб, но нема да чека долго за нов ангажман со оглед дека Бодрумспор веќе е во финална фаза на потпис на договорот. Тој во нападот на Бодрум ќе му се приклучи на екс репрезентативецот Адис Јаховиќ.

Во Македонија, Селмани играше за Ренова и Шкендија. Тој беше дел од младинските репрезентации, а за селекцијата до 21 година има пет настапи.

Се вчитува...