Селта го отпушти тренерот

Шпанскиот прволигаш Селта донесе одлука да го отпушти тренерот Фран Ескриба. Причина се лошите резултати од стартот на сезоната и незавидната позиција на табелата во Ла Лига. Селта се наоѓа во опасната зона, на 18.позиција со само девет бода по 12 кола.

Поразот од Хетафе беше четврти во низа за Селта и му пресуди на досегашниот предводник Фран Ескриба. Шпанските медиуми најавуваат дека поранешниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, би можел да го преземе составот на Селта во продолжението на сезоната. Во следното коло Селта ќе гостува на „Камп Ноу“ против Барселона.

Се вчитува...