Селта немоќна: Реал Мадрид како во старите добри времиња

Реал Мадрид ги остави зад себе разочарувачките настапи од подготвителниот период, па новата сезона ја почна со сигурна победа на „жешкиот терен“ во Виго, триумфирајќи над Селта со 1-3. Зидан мора да биде задоволен од изданието на своите избраници, кои делуваа одлично на теренот, успевајќи да постигнат два гола со играч помалку, откако Лука Модриќ беше исклучен на почетокот од второто полувреме.

Бензема ги доведе „кралевите“ во водство, а најтрофејниот европски клуб имаше многу среќа пред самиот крај на полувремето. Одраизола направи катастрофална грешка по која Селта израмни, но голот беше поништен со ВАР поради минимален офсајд на Јаго Аспас.

Откако Модриќ доби црвен картон, Куртоа со одлична интервенција спречи израмнување, а „наградата“ стигна на спротивната страна, откако Крос со гол од околу 30 метри донесе водство од 0-2. Веднаш следеше и трет погодок, вистинско ремек-дело од тимска акција што ја круниса Лукас Васкез на асистенција на Бензема, за печат на убедливата победа.

Селта во самиот финиш успеа да го ублажи поразот преку Лосада.

Се вчитува...