Селта Виго му откина бод на Реал на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Селта Виго приреди големо изненадување откако ремизираше 2-2 на гостувањето кај Реал Мадрид во последниот меч од 24. коло успеа по пресврт да ја совлада Селта Виго.

Гостите поведоа уште на самиот старт на натпреварот, откако во 7. минута Федор Смолов успеа да ја затресе мрежата на Тибо Куртоа. До крајот на првиот дел иако ја имаа играта „кралевите“ не усепаја да го загрозат голот на гостите.

На стартот на второто полувреме се појави нов Реал. Прво Серхио Рамос стрелаше во 49. минута, но поради офсајд неговиот гол беше поништен. Потоа следеше одличен удар на Тони Крос кој во 52. минута успеа да го израмни резултатот на 1-1.Един Азар кој по долгата пауза одигра натпревар за кралскиот клуб беше срушен во шеснаесетникот на гостите по што беше досуден пенал, кој успешно го реализираше капитенот Серхио Рамос. Кога се чинеше дека избраниците на Зинедин Зидан ќе запишат нови три бода, Санти Мина успеа да израмни на 2-2 и да му откине на големиот фаворит два бода во битката за тронот во Шпанија со Барселона.

Со ова реми „кралевите“ сега имаат само бод повеќе пред второпласираната Барселона, додека Селта Виго со освоен 21 бод успеа да побегне од местата кои следната сезона водат во Сегунда.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...