Селтик го отпушти најслабиот тренер во историјата на клубот

Управата на Селтик си ја призна грешката со доведувањето на Вилфред Ненси за нов тренер, врачувајќи му отказ на овој стратег по само 33 дена минати на чело на шкотскиот гигант.

Сезоната ја почна Брендан Роџерс, а откако Маритн О’Нил како привремено решение успеа да го врати Селтик во победнички ритам, се очекуваше Ненси да ја продолжи серијата добри игри на својот претходник. Овој стручњак беше доведен од Колумбус во МЛС-лигата, но се покажа како апсолутно промашување, губејќи шест од осумте натпревари на кои што го водеше овој тим.

Чашата од незадоволство беше прелиеана викендов, со поразот на домашен терен на вечното дерби со Глазгов Ренџерс, по што управата реши веднаш да се раздели од Ненси.

„Зелено-белите“ имаат шест бода заостанување зад водечкиот Хартс, па јасно е дека новиот тренер ќе има исклучително тешка задача да ја одбрани титулата во шкотската Премиер-лига.

Се вчитува...