Селтик го прегази Номе Калју, Црвена Звезда подобра од Хелсинки

Шкотскиот првак Селтик го декласира Номе Калју, естонскиот шампион кој ја елиминира Шкендија, со убедливи 5-0, во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Кристи постигна два гола, во листата на стрелците се запишаа и Ајер, Грифитс и Мекрегор.

Црвена Звезда обезбеди два гола предност (2-0) против Хелсинки по првиот дуел во Белград. Ричмонд Боачи и Милан Павков беа стрелци на головите за „црвено-белите“. Марибор со 2-1 славеше против АИК, а Ференцварош беше поубедлив (3-1) против Валета. Клуж со 1-0 го совлада Макаби Тел Авив, а Бате Борисов со 2-1 го победи Розенборг. Дандалк и Карабах ремизираа 1-1.

 

Се вчитува...