Селтик си закажа двомеч со Шкендија

Селтик триумфираше со 1-3 на гостувањето против Сараево, правејќи голем чекор напред кон следната квалификациска рунда од Лигата на шампионите, каде шкотскиот гигант ќе се сретне со подобриот од двомечот Шкендија – Номе Калју.

На тешкиот терен за игра поради обилниот дожд во Сараево домашните фудбалери изненадија први стигнувајќи до предност со голот на Оремус во 29. минута. Шест минути подоцна со прекрасен удар од далечина израмни Џонстон, а во второто полувреме пресвртот го комплетираа Едуард и Синклер.

Реваншот во Глазгов би требало да биде само рутина за „зелените“, кои речиси сигурно наскоро ќе ги гледаме и на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...