Семејна трагедија во фамилијата на Коди Гакпо

Ѕвездата на холандската репрезентација и Ливерпул, Коди Гакпо, доживеа голема семејна трагедија за време на Светското првенство. Само два дена пред осминафиналниот натпревар, Гакпо и неговата партнерка Ноа ван дер Биј објавија дека го загубиле синот за време на бременоста.

Веста ја потврди на социјалните мрежи партнерката на Гакпо, која објави фотографија и сподели дека бебето го крстиле Елија Рафаел Гакпо. Двојката пред само неколку недели откри на јавноста дека очекува дете.

Во емотивна објава, таа напиша дека станува збор за загубата на нивниот син и им се заблагодари на сите за поддршката. Оваа тешка ситуација доаѓа пред важниот меч на Холандија во шеснаесетинафиналето против Мароко, кој е закажан во Монтереј.

Гакпо инаку беше еден од клучните играчи на Холандија во групната фаза, во која постигна два гола и една асистенција.

Се вчитува...