„Семејното дерби“ Инзаги без победник

Лацио дефинитивно е во резултатска криза откако римскиот клуб не успеа да триумфира ниту на гостувањето против Беневенто (1-1).

Овој дуел во италијанската јавност беше најавуван како „семејно дерби“ на Инзаги, Филипо Инзаги го предводеше Беневенто, а Симоне беше на клупата на Лацио, а двајцата браќа на крајот мораа да се задоволат само со по еден бод.

„Лацијалите“ први поведоа со евроголот на Чиро Имобиле, откако големиот ас со извонреден волеј-удар го матираше домашниот голман, а Беневенто израмни пред самиот крај на полувремето со погодокот на Скиатарела.

Се вчитува...