Семејството на Лионел Меси е во неверица по појавувањето на веста во одредени аргентински медиуми дека починал таткото на големата аргентинска ѕвезда.
Хорхе Меси, таткото на Лео, е на лекување, па неговото семејство ги замоли медиумите за хуманост по гласините за неговото здравје, додека неговиот син игра на СП 2026.
„Хорхе е на лекување поради здравствени проблеми. Тој е под лекарски надзор, и навистина заздравува позитивно. Затоа ве молиме бидете хумани во овие моменти, без лажни вести“, се вели во соопштението на семејството Меси.
Ова соопштение доаѓа по гласините дека 68-годишниот Хорхе Меси веќе починал, што не е вистина.
Како што е познато, самиот Лео Меси по хет-трикот и победата од 3-0 против Алжир истакна дека минува низ тешка семејна ситуација, поради што беа и неговите солзи по првиот постигнат гол.
„Моите солзи? Имав неколку тешки денови. Солзите не се поврзани со фудбалот“, изјави пред два дена Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
