Семејството на Роналдо го прекина молкот за случајот „силување“

Со фотографии направени во стилот на цртаните суперхерои на кои Кристијано Роналдо е претставен како Супермен, мајката и една од сестрите на Португалецот побараа правда за него во случајот за силувањето на поранешната манекенка Кетрин Мајорга.

„ Да видиме кој има храброст да ја постави оваа слика како профилна фотографија на социјалните мрежи во рок од една седмица ? Да направиме синџир за него, за Португалија, за правдата. Тој го заслужува тоа“ – пишува во пораката која двете ја објавија истовремено.

Сестрата Катија доби доби 15 илјади лајкови само во првиот час од објавувањето. Најголемиот дел од подржувачите на Роналдо под сликите коментираат дека случајот е месетнка и оти голем дел од објавените обвинувања немаат смисол.

Кристијано Роналдо се соочува со полициска истрага во Лос Анџелес за случајот за наводното силување на Кетрин Мајорга. Таа и нејзините адвокати сега тврдат дека силување имало, но дека бил постигнат договор да и биде платено за молчење.

Случајот пред извесен период го објави со документи германскиот магазин „ Der Spiegel“.

 

 

Се вчитува...