Семења ја менува професијата – Потпишува за фудбалски клуб од Јужна Африка

Светската и олимписка шампионка на 800 метри Катер Семења следната година можно е да заигра фудбал, откако му се придружи на јужноафриканскиот клуб „JVW“. Таа тренира со клубот во кој се очекува деби настапот да го има следната година.

„Благодарна сум на шансата која ми е дадена и ја ценам љубовта и поддршката која ја добив од клубот. Се радувам на новиот предизвик и се надевам дека ќе можам да му помогнам на тимот“, изјави Семења. 

Јужноафриканската атлетичарка нема да го брани златниот медал на 800 метри на Светското првенство во Доха, поради суспензијата од ИААФ поради поголемото ниво на тестостерон од дозволеното.

Се вчитува...