Семенија ја тужи ИААФ поради „наредбата“ да го намали тестостеронот во телото

Кастер Семенија и нејзиниот адвокатски тим се надеваат дека ќе добијат позитивен одговор на жалбата поднесена до Меѓународната атлетска федерација, а по повод правилото за смалување на природното ниво на тестостерон кај атлетичарките кои трчаат дистанци подолги од четиристотини метри.

Двојната олимписка шампионка на 800 метри е најпознатата атлетичарка со природно високото ниво на тестостерон. По најавите Меѓународната атлетска федерација, наскоро во сила ќе го имплементира правилото со кое на атлетичарките со природно висок тестостерон ќе им биде наложено да го намалат нивото на овој хормон во телото, како би можеле да се натпреваруваат во дисциплините од четиристотини метри до една милја.

Семенија со својот адвокатски тим поднесе жалба и во Меѓународниот суд за спортска арбитража, по која се надева дека ќе се одлучи дека правилото е „незаконито, неважечко и без ефект“.

Од Лозана потврдија дека ЦАС одлуката ќе ја донесе на крајот на април.

Се вчитува...