Сенегал го остави Салах без Мундијал, во Катар оди и Гана

Драматичен финиш и пенали на дербито на Африка за Пласман на Мундијалот во Катар. Сенегал против Египет, Мане против Салах, и одново триумф на Сенегал со кој обезбеди пласман на Мундијалот во Катар.

Сенегал славеше на вториот меч со 1-0, идентично како Египет на првиот, по што немаше гол и после продолженијата, и се премина на изведување пенали. На идентичен начин како и во финалето на Африканскиот Куп на Нации, триумф на Сенегал. Промашувања во првите две серии на двете селекции, а потоа три реализирани пенали на Сенегал преку Сар, Диенг и Мане, а промашување за Мохамед за триумф на Сенегалците. Инаку во пенал серијата промаши и Салах.

Во вториот меч, Гана одигра нерешено со Нигерија 1-1. Во Африка важи правилото гол во гости, па благодарение на него, селекцијата на Гана се пласираше во Катар. Парти донесе водство за Гана во 10. минута, а во 22. Трост-Еконг израмни, а Нигеријците веднаш постигнаа и втор гол преку Осимен, но беше поништен.

Се вчитува...