Сенев се раздели со Осогово: Поради несогласување со дел од раководството заминав од клубот

Искусниот македонски стратег Трајче Сенев се повлече од клупата на второлигашот Осогово, како што вели, поради несогласување со дел од раководството на клубот.

Сенев одлично го водеше тимот во само три кола колку што издржа во Кочани, запишувајќи две победи и реми, понесувајќи го на патот кон опстанок во лигата. Но,…

„Поради несогласување со дел од раководството се одлучив за повлекување од клубот. Пријателски се разделивме посакувајќи Осогово успешно да ја заврши сезоната. Го водев Осогово на само три натпревари притоа освојувајќи седум бодови, и мислам дека ќе бидат доволни за опстанок во второлигашката конкуренција“ – ни изјави Трајче Сенев.

Сенев, кој денеска нема да го води Осогово на дуелот против Плачковица во 18. коло од Втората лига – Исток, во својата тренерска кариера во минатото, во Првата лига ги водеше и Брегалница и Силекс, а е еден од најзаслужните за развојот и брзиот подем во македонскиот фудбал на Кит Го од Пехчево.

Се вчитува...