Сензација: Бугарија ги победи Батум, Де Коло и останатите ѕвезди на Франција во квалификациите за СП

Кошаркарите на Франција доживеаја неочекуван пораз од 74-68 на гостувањето против Бугарија во првиот меч од втората фаза од квалификациите за Светското првенство.

„Триколорите“ играа во речиси најсилниот свој состав, со Батум, Ертел, Де Коло… во тимот, но Бугарите предводени од натурализираниот Американец, Бост успеаја да приредат сензација.

Најефикасен во победничкиот тим беше Бост со 17 поени, Димитров постигна 16 поени а Маринов заврши со 13 постигнати поени. Кај Франција, Батум заврши со 17 поени, Џексон и Лакомб постигнаа по 13 поени а Де Коло заврши со само 8 поени.

Ова беше и тоа како значајна победа за Бугарија во борбата за пласман на СП. За Французите и не значи многу, бидејќи и натаму се убедливо први во групата.

Се вчитува...