Сензација: Јунајтед капитулираше пред „фенерџијата“

Серијата одлични резултати на Манчестер Јунајтед од 13 средби без пораз во Премиер-лигата беше прекината на најнеочекуван начин, со пораз на домашен терен од Шефилд Јунајтед од 1-2. „Фенерџијата“ пристигна на „Олд Трафорд“ со само една победа во досегашниот дел од сезоната, но со дисциплинирана игра во одбраната и малку среќа во нападот стигна до сензационална победа.

Брајан најдобро се снајде по корнерот од десната страна и со прецизен удар со глава го матираше Де Хеа. Јунајтед тргна во офанзива, но тешко создаваше чисти шанси за гол. „Црвените ѓаволи“ сепак стигнаа до израмнување благодарение на Мегваер, но набрзо потоа примија нов гол, откако еден удар во шеснаестникот го закачи дефанзивецот Туанзебе и со помош на гредата заврши зад гол-линијата.

Солскјер тргна во целосна офанзива, но играта на „ѓаволите“ вечерва ја немаше препознатливата динамика, по што фудбалерите на Јунајтед со наведнати глави мораа да го напуштат теренот на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...