Сензација: Јуве шокиран, Инзаги го надмудри Пирло

Беневенто приреди огромно изненадување во рамките од 28. коло од Калчо-лигата откако триумфираше на гостувањето против шампионот Јувентус со 0-1.

„Старата дама“ имаше доминација на теренот, но не успеа да постигне ниту еден единствен погодок иако Андреа Пирло се реши за офанзивна формација со Роналдо и Мората во стартниот тим помогнати од Киеза и од Кулушевски. Филипо Инзаги ја доби тактичката битка со Пирло одлично поставувајќи ја одбраната на својот тим, за на спротивната страна Беневенто единствениот удар кон противничкиот гол да го претвори во погодок, преку Гаих во 69. минута.

Роналдо промаши две убави шанси во завршницата, но најубавата можност не ја реализираше Данило, кој во 90. минута натрча на една одбиена топка, но не успеа да ја смести во мрежата крај легнатиот голман.

Лацио како гостин го совлада Удинезе со 0-1. Марушиќ го отвори резултатот во 37. минута на „Фриули“, Илија Несторовски влезе во игра на самиот почеток од второто полувреме, но во 93. минута не искористи убава шанса да го израмни резултатот.

Сампдорија триумфираше со 1-0 на дуелот против Торино благодарение на погодокот на Кандрева постигнат во првото полувреме.

Се вчитува...