Дебитантот на светските првенства Курасао приреди сензација во второто коло стигнувајќи до првиот мундијалски бод во историјата, со ремито од 0-0 против селекцијата на Еквадор.
Неколку дена откако примија седум гола на отворањето со Германија, фудбалерите на Курасао одиграа историски меч со кој ги стоплија срцата на сите свои приврзаници, но и на неутралните фудбалски фанови кои го следат овој мундијал.
Еквадор се уште беше во грч по поразот од Брегот на Слоновата коска во првата рунда, јужноамериканската селекција имаше посед на топката, креираше шанси, но не успеа да најде начин да го совлада неверојатниот Ром, голманот на Курасао кој имаше дури 15 успешни интервенции.
Ова реми сериозно ја компликува ситуацијата за Еквадорците, кои сега ќе мора да бркаат победа над Германија во следното коло ако сакаат да се пласираат во следната рунда. За Курасао пак, овој освоен бод е печат на неверојатниот успех со самиот пласман на мундијалот, сега „зачинет“ и со реми на светските првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
