Сензација: Малиот Кил го елиминираше големиот Баерн Минхен (ВИДЕО)

Холштен Кил приреди сензација во Купот на Германија успевајќи да го елиминира европскиот шампион Баерн Минхен по изведување на пеналите.

Гостите поведоа со голот на Серж Гнабри уште во 14. минута. Домаќините заиграа одлично во продолжението на првото полувреме, а добрата игра ја материјализираа со голот на Фин Бартелс во 37. минута.

Лирој Сане од слободен удар во 48. минута донесе ново водство за Баварците, но Кил со шокантен гол во 95. минута успеа да се избори за продолженија. Во дополнителните 30 минути мируваат мрежите, по што се премина на изведување на пенали.

Во шестата серија голманот на домаќините успеа да го одбрани пеналот на Марк Рока, за потоа херој да биде Бартелс кој го постигна голот за историја.

Се вчитува...