Сензација на Ролан Гарос: Бранителката на турнирот елиминирана од тинејџерка!

Уште на самиот старт од Ролан Гарос се случи голема сензација кај дамите, откако тинејџерка успеа да ја исфрли актуелната првенка на турнирот и воедно втора носителка.

Станува збор за 19-годишната Диан Пари, која одигра феноменален натпревар и ја елиминира Барбора Крејчикова од Чешка, против која славеше со 2-1 во сетови и тоа со пресврт, по убедливо загубен прв сет (1-6, 6-2, 6-3).

Пари стана наниско рангираната тенисерка која успеала да ја победи втората носителка во Париз по 2011 година.

Се вчитува...