Сензација на СП: Јапонките со „шлаканица“ за Црна Гора

Ракометарките на Јапонија приредија огромно изненадување на самиот почеток од третиот натпреварувачки ден од СП 2017 во Германија, земајќи го скалпот на фаворизираната Црна Гора со победа од минимални 29-28.

Црногорките охрабрени по убедливата победа над Данска, иако потоа загубија од Русија, важеа за огромни фаворитки на денешниот дуел, но тотално потфрлија во второто полувреме и сосема неочекувано го претрпеа вториот пораз во низа. Јованка Радичевиќ беше во главна улога во првото полувреме постигнувајќи пет гола за водство од 15-12, но потоа дојде до голем пад во играта на Црна Гора, што упорните Јапонки го историјата за да дојдат до фантастична победа.

Радичевиќ го заврши мечот со седум погодоци, недоволно за нејзината селекција да се спаси од пораз.

Се вчитува...