Сензација на УС Опен: Осака загуби од Бенчич

Швајцарката Белинда Бенчич направи суперподвиг во осминафиналето на тенискиот грен-слем УС Опен елиминирајчи ја бранителката на титулата Наоми Осака. За место во четвртфиналето, Бенлич ја победи Јапонката во два сета, воведниот го доби со 7-5, а вториот со 6-4.

За Бенчич ова е прв пласман во четвртфиналето на „Флешинг Медоуз“ по пет години. Поради овој пораз, Наоми Осака ќе го загуби и првото место на ВТА листата од Ешли Барти.

Во четвртфиналето, Бенчич ќе се сретне со Хрватката Дона Векиќ која забележа осминафиална победа од 2-1 во сетови над Јулија Гергес.

Се вчитува...