Сензација: Павел Недвед му се враќа на фудбалот на 45 години

Еден од најдобрите чешки фудбалери на сите времиња, Павел Недвед, му се враќа на фудбалот на 45 години. Оваа сензационална вест доаѓа од неговата родна татковина, каде тој се согласил да настапува за локалниот клуб Скална. Тој всушност и првите фудбалски чекори ги има направено во овој клуб, а потоа стигна и до небесни височини во Серија А.

Недвед, кој е и потпретседател на Јувентус, ветил дека секогаш кога ќе биде во можност, ќе го облекува дресот на Скална и ќе му помогне во битката за бодови во регионалното чешко натпреварување. Сепак, тој поголем дел од времето ќе мора да го минува во Италија.

Се вчитува...