Сензација во Москва – Алба Берлин до голема победа над ЦСКА

Германска Алба Берлин приреди вистинска сензација откако во 5. коло ја совлада ЦСКА Москва на гостински терен со 88-93. Првото полувреме помина во израмнета игра на два тима, а на пауза се замина со предност од плус четири на домаќините (51-47). Клучна во натпреварот беше третата четвртина која гостите ја добија со седум поени разлика, а до крајот само успеаја да ја задржат предноста за конечни …

Симоне Фонтекио со 20 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените повторно најдобар беше Мајк Џејмс со 27 поени, додека Вил Клејбурн уфрли два помалку.

Ова за Алба Берлин е прва победа сезонава, додека ЦСКА Москва има половичен учинок од две победи и два порази.

Се вчитува...