Сензација во Њујорк – Дел Потро повторно кобен за Федерер

Хуан Мартин дел Потро приреди сензација на УС Опен. Во фантастичен натпревар со голем пресврт во третиот сет Дел Потро го победи Роџер Федерер со 7-5, 3-6, 7-6, 6-4.

Аргентинецот и пред осум години беше кобен за Федерер. Тогаш Дел Потро ја прекина неверојатната серија на Швајцарецот кој пет години по ред славеше на УС Опен. Оттогаш Федерер нема освоено трофеј на „Флешинг Медоуз“, а походот на 20 гранс-лем титула ќе мора да ја одложи за следната сезона.

„Го одиграв можеби најдобриот меч на турнирот. Се направив како што треба, удирав форхенд најсилно што можев. Одиграв извонреден меч, мислам дека ја заслужив победата. Ова ми е омилен турнир“ – изјави Дел Потро по големиот триум.

Во полуфиналето на УС Опен,  Аргентинецот го чека уште едно големо искушение, двобојот со Рафаел Надал. Првиот светски рекет во фуриозен меч за само 99 минути го совлада Русинот Андреј Руболјев со 6-1, 6-2, 6-2.

Играв против Рафа во 2009 година и се надевам дека ќе го повторам резултатот. Со ваква поддршка се е можно“ – самоуверено најави Дел Потро.

Се вчитува...