Сензација во Париз – Американецот Пол го шокираше Рафа Надал

Рафаел Надал доживеа сензационална елиминација уште на самиот старт на последниот АТП мастерс од серијата 1000 кој се игра во „Берси арената“ во Париз. Шпанецот во 2. коло со 2-1, по сетови 3-6, 7-6 и 6-1 загуби од американскиот тенисер Томи Пол.

Во првиот сет поранешниот прв тенисер во светот стигна до лесен триумф од 6-3, додека вториот Американецот успеа да го освои во тај-брејк. Во одлучувачкиот трет сет Пол тотално го надигра Рафа Надал освојувајќи го со 6-1. Во осминафиналето Томи Пол ќе игра против сонародникот Пабло Карено-Буста кој со 2-1 во сетови беше подобар од Канаѓанецот, Денис Шаповалов.

Во осминафиналето се пласираа и: Григор Димитров, Холгер Руне и Жил Симон.

Се вчитува...